Месец: м.г

Карпошовци не ги собраа потписите за Дуп-от

Граѓанската иницијатива на карпошовци за ДУП-от не успеа да собере доволен број потписи. Се потпишаа само 2.600 од потребните 5.500 жители, недоволно за запирање на носењето на деталниот план и негово повторно враќање на јавна анкета. Сепак, тие се задоволни од постигнатото и велат дека пораката до советниците во карпош е упатена – да ги одбранат граѓанските интереси.

2.600 мотивирани луѓе од цел Карпош се многу голема бројка, Јакимовски е должен да ги земе предвид

„Над 2600 луѓе излегле во работни денови, во работно време, да најдат една забутана канцеларија на ДИК во Козле каде што не вози автобус, да се потпишат за граѓанска иницијатива за зачувување на зеленилото на населбата Карпош 4. Ова го направиле и покрај тоа што немаше медиумска кампања, и покрај тоа што флаерите што сами си ги принтавме, фотокопиравме и лепевме, некои анонимни момчиња организирано ни ги кинеа веднаш штом ќе ги поставевме.