Месец: м.г

Ние сме Карпош 4 на Радио МОФ

Каков воздух дишат скопјани, кои се последиците од загадувањето, дали граѓаните знаат да се изборат за своето уставно право – да дишат чист воздух?
Ова се дел од прашањата за кои во студиото на Радио МОФ ќе дискутираме со претставници на граѓанските иницијативи „Ќе дишеме или ќе издишеме“, „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ и „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче“. Тие во прво лице ќе зборуваат за своите проблеми, за потребата од информирање на граѓаните, но и за досегашните искуства на иницијативите во соработката со надлежните институции.

Ние сме Kарпош 4 за Аеродром и Ново Лисиче

Под мотото „Сакаме да дишеме“, стотина граѓани се собраа пред општината Аеродром, револтирани од неагилноста на институциите во решавање на проблемот со загадениот воздух, кој со години ги труе жителите на оваа, но и останатите скопски општини.