Месец: м.г

Што се случи со потписите на граѓаните на Карпош 4 и барањето за свикување на собир на граѓани?

Дали е толку тешко кога си градоначалник на општина која претендира да биде најтранспарентна, да организираш собир со своите сограѓани со кои ќе дискутираш за тема која е од големо значење за нив?
Очигледно на нашиот градоначалник тоа му е многу тешко со аргумент дека таков собир е невозможен заради провокации. Истиот тој градоначалник е долгогодишен политичар кој присуствувал на многу поголеми собири. Тој нашите 2400 потписи ги нарече невалидни, бидејќи не биле собрани во канцаларијата на ДИК, повикувајќи се на закон, но не и на член во кој тоа се тврди, бидејќи таков и не постои. Си зема за право да толкува закон за чие толкување треба да даде Собрание на Република Македонија. На нашето повторно барање да ги конкретизира и потврди своите ставови до ден денешен не е одговорено. Барањето е уредно доставено на ден 10.11.2015г до архивата на општината.

Што прави општината додека граѓаните се гушат?

Денеска од нашата иницијатива Ние сме Карпош4, беше пратен допис по електронска пошта до сите советници и Градоначалникот на општина Карпош.

Како започна иницијативата

Успеавме да собереме над 2600 потписи и иако нашите противници потрчаа да се пофалат дека акцијата била неуспешна, вистината беше дека акцијата беше огромен граѓански подвиг. Израз на сплотеност и заедништво за општото добро на сите жители на општина Карпош и целото Скопје, победата на граѓанскиот концепт над поделбите по партиска припадност.
Се сеќавам на почетоците на нашава иницијатива, почеток на aвгуст 2015 година, се појави информација за измените планирани со новиот ДУП (детален урбанистички план). Над 150 изреволтирани граѓани се собравме во дворот на ОУ Петар Поп Арсов и така почна сè. Впечатокот беше взаемен, сметавме дека предложениот ДУП е подготвуван во крајно нетранспарентна постапка и без учество на граѓаните кои се засегнати со предложените плански решенија.