Месец: м.г

Граѓаните на Карпош 4 бараат од Стевче Јакимовски нова расправа за ДУП-от

„Граѓаните на Карпош 4 упатија уште едно барање до градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски и на советниците, за повлекување на предлог ДУП-от за Карпош 4 и негово враќање на повторна расправа.
Барањето е поткрепено со физибилити студија, која ја финансира УСАИД. Во неа се назначени недостатоците на предложениот детален урбанистички план и негативното влијание врз квалитетот на животот во Карпош 4.“ — A1on.mk

Проект – Попис на дрвја во Карпош 4 и делови од Дебар Маало

Со огромно задоволство би сакале да Ве известиме дека волонтерите од „Ние сме Карпош 4„ во соработка со волонтерите од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ и „Плоштад Слобода“ во месеците ноември и декември 2015 година извришија попис на дрвјата во населбата Карпош 4, како и во дел од Дебар Маало.