Месец: м.г

Јавен повик до градежните инвеститори во Општина Карпош

Следните фотографии се од едната поднесена иницијатива до Уставен суд за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП, општина Карпош. Причината е необјавување на Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина и формуларот на веб страницата на општина Карпош, обврска предвидена со Законот за животна средина.

Марш за чист воздух и протест против градежната узурпација на брегот на реката Вардар

На 21.09.2017 марширавме за чист воздух и протестиравме против узурпацијата на брегот на реката Вардар во должина на населбата Карпош 3. Погледнете ја галеријата и видеото.

Средба со заменик министерот за Животна средина и просторно планирање

На 11.09.2017 година заедно со неколку граѓански иницијативи и невладини организации одржавме средба во просториите на Министерството за Животна средина и Просторно планирање со заменик министерот во ова министерство, г-дин. Јани Макрадули. 
На средбата беа побарани итни мерки за подобрување на состојбите со животната средина, а со нагласен акцент на почвата и воздухот во Република Македонија.