БАРАЊА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ДО КАНДИДАТИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

Ние сме Карпош 4 ги упатува своите барања до сите оние кои ќе учествуваат на следните локални избори. Нас ни се потребни одговорни и чесни луѓе, способни да ја направат нашата општина пристојно место за живеење.

nie-sme-karpos-4-logo

Урбанизам

  • Ревидирање на сите започнати градби и стопирање на сите одобренија за градба кои не се правосилни во општина Карпош;
  • Ревидирање на сите донесени Урбанистички планови, осебено Детални Урбанистички Планови во последниве 8 год. во општина Карпош. За секој да се свика Собир на граѓани;
  • Одржување на урбанистичките јадра кои се веќе оформени и стопирање и забрана за нови градби освен ако се неопходни конкретно јавни градинки, јавни училишта и други објекти од особен јавен интерес. Пример за ваквo урбанистичко јадро е Карпош 4 кој е веќе урбанистички оформен со хуман однос на парковско зеленило и изградена површина.

Инфраструктура

  • Стопирање на сите одлуки и забрана на издавање на просторот од училишните објекти и дворови за комерцијални намени;
  • Заштита од понатамошно руинирање на објектите кои биле или се под надлежност на општината/град/држава, а се оставени да пропаѓаат: салата Партизан, натпатник Влајко, месна заедница Тафталиџе 1 и лоцирање на сите останати во општината. Нивна пренамена за објекти од јавен интерес. Целата постапка да биде транспарентна и во согласност со потребите и барањата на жителите;
  • Салата Партизан со дворот да остане јавен објект, спортски центар за младите од општината и градот. Отварање на спортски терени и во другите делови на општината.

Зеленило

  • Редовно одржување на постоечките зелени површини;
  • Забрана за пренамена на зелена површина во била каква друга намена, единствено нејзино оплеменување како заштитена зелена зона;
  • Уредување на деградирани слободни површини во рекреативни зелени зони со што би се зголемувал процентот на зеленило во општината;
  • Потегот према кејот на реката Вардар од Александар Палас до пешачкиот мост до Злокуќани да биде парк шума, сопствениците да се обесштетат и донесениот ДУП да се укине.

Изнаоѓање на нови и современи начини за справување со аерозагадувањето

  • Строга инспекциска контрола и лоцирање и санкционирање на загадувачите;
    • Затворање и отстранување на сите диви депонии, инспекции за лоцирање, реагирање и санкционирање на сите обиди за создавање на нови;
  • Мобилни мерни станици за брзо лоцирање на загадувачите, зголемени патроли во текот на целата година;
  • Зголемено зеленило, заштита на паркови, субвенции за зелени површини на самите објекти;
  • Предизвикување на вештачки ветрови на одредени локации;
  • Ограничување на сообраќај, наоѓање на паметни сообраќајни решенија за сообраќајот низ општината;
  • Велосипедски патеки на сите улици, станици за велосипеди и изнајмување на велосипеди.

Транспарентно и одговорно однесување на општината

  • Ревизија на целата финансиска работа на општината и кривична и материјална одговорност;
  • Целосна отчетност и одговорност пред граѓаните:
    • При донесување на значителни измени во ДУП освен јавна анкета да се свикува и Собир на граѓани;
    • Информации за жителите за буџетот и расходите на општината на секое тримесечје
    • Информираноста на населението да не биде само во согласност со законите туку да се има и суштинска цел – информирање.

Собраќај

  • Зголемено присуство и активност на сообраќајната полиција, посебно на главните сообраќајници;
  • Наоѓање на ефикасни начини за ограничување на брзина на сообраќајниците и околу училиштата и градинките (лежeчки полицајци, видливи знаци на намалена брзина, зачестени полициски контроли);
  • Решавање на сообраќајниот метеж кој го предизвикува Сити мол со следниве активности:
    • Ревидирање на сообраќајното решение околу Сити мол;
    • Релоцирање на такси станицата од пред Сити мол. Со тоа ќе се отвори лента за влез во гаражата на Сити Мол;
    • Забрана за влучување во лево од Љубљанска кон гаражата и од гаражата кон Љубљанска. Со ова ќе се спречи блокирањето на Љубљанска и ќе се намалат гужвите и загадувањето предизвикано од нив;
    • Поставување на столпчиња долж Љубљанска и Манапо за да се спречи паркирањето по тротоарите и да се овозможи слободно движење на пешаците и велосипедистите;
    • Забрана за создавање на нови паркиралишта на територијата на општината за потребите на Сити мол.

One Comment on “БАРАЊА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ДО КАНДИДАТИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

  1. Pingback: Граѓаните на Карпош 4 со барања до кандидатите на локалните избори

%d bloggers like this: