Средба со заменик министерот за Животна средина и просторно планирање

На 11.09.2017 година заедно со неколку граѓански иницијативи и невладини организации одржавме средба во просториите на Министерството за Животна средина и Просторно планирање со заменик министерот во ова министерство, г-дин. Јани Макрадули. 
На средбата беа побарани итни мерки за подобрување на состојбите со животната средина, а со нагласен акцент на почвата и воздухот во Република Македонија.

Во четврток маршираме за чист воздух!

Во четврток 21.09.2017, нашата иницијатива во соработка со „Стоп за загадувањето“, „Воздух сега!“ и „Карпош 3“ организира протест против градежното узурпирање на земјиштето на брегот на реката Вардар, а во должина на населбите Карпош 3 и Карпош 4.

Заедно со уште 12 здруженија на граѓани поднесовме барање до МЖСПП

Заедно со уште 12 граѓански иницијативи и здруженија во тек на вчерашниот ден поднесовме барање до Министерството за Животна средина и Просторно планирање. Побаравме промена на постоечката легислатива, санација на загадувачите, заштита на природата, континуиран мониторинг на состојбите, основање на Зелен суд, мораториум на градби во одредени општини…