2.600 мотивирани луѓе од цел Карпош се многу голема бројка, Јакимовски е должен да ги земе предвид

„Над 2600 луѓе излегле во работни денови, во работно време, да најдат една забутана канцеларија на ДИК во Козле каде што не вози автобус, да се потпишат за граѓанска иницијатива за зачувување на зеленилото на населбата Карпош 4. Ова го направиле и покрај тоа што немаше медиумска кампања, и покрај тоа што флаерите што сами си ги принтавме, фотокопиравме и лепевме, некои анонимни момчиња организирано ни ги кинеа веднаш штом ќе ги поставевме.

Пикник

На 27 септември 2015, за време на акцијата за собирање потписи против новиот ДУП, организиравме маалски пикник
Го организиравме пикникот во паркчето спроти Сити Мол на истото место каде беа исечени здрави и долггодишни тополи, со цел да изразиме несогласување со надлежните за односот кон нас граѓаните на Карпош 4 и јавниот простор во населбата. Сепак пикникот не беше само израз на протест, туку и сплотено, соседско дружење и забавување, преку кои им ја пренесовме на нашите деца грижата за населбата во коja живеат.