Јавен повик до градежните инвеститори во Општина Карпош

Јавен повик до сите инвеститори, градители во општина Карпош и до вработените, надлежните во општина Карпош:

Следните фотографии се од едната поднесена иницијатива до Уставен суд за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на ДУП, општина Карпош. Причината е необјавување на Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина и формуларот на веб страницата на општина Карпош, обврска предвидена со Законот за животна средина.

Благица Блажевска, раководител на секторот за урбанизам при општина Карпош, на прашање за електронска достава на овие Одлуки, минатиот месец изјави дека истите не се во електронски формат и не може да се испратат по мејл, дека не биле објавени, дека законот кој го бара тоа е нов и важи од изминатава година, дека овие Одлуки се донесени пред тоа и се наоѓаат само во хартиена форма.

Навистина, при проверка, Одлуките за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина за донесените ДУПови за кои има законска обврска, не биле објавени на веб страницата на општина Карпош.

Дополнително, со необјавувањето правото на жалба на овие Одлуки било оневозможено.

Уставниот суд не може да не ги оспори Одлуките за донесување на ДУП, општина Карпош.

Знаеме дека сите инвеститори брзаат со започнување на градежните активности пред локалните избори. Порака до нив е да не брзаат и да ги чуваат парите. Изборите ќе завршат, Уставниот суд ќе ги оспори Одлуките за донесување на ДУПврз чија основа вие планирате да градите. Сè што ќе започнете нема да може да го завршите.

До вработените во општина Карпош: немојте да лажирате докази, навидум да изгледа дека сте ги објавиле Одлуките на вашата веб страница. Секој кој ќе проба да подметне лажен доказ ќе одговара кривично. Нема да остане без отворање на процес и ИТ вештачење. Затоа, доставете до судот она што е вистина.

Стоп на Загадувањето и Ние сме Карпош 4

%d bloggers like this: