Како да помогнам?

На кратко – активирај се!

Најдобар и најбрз начин е со посета на Facebook групата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“. Оваа група во која учествуваат неколку неформални граѓански здруженија од целокупната територија на Општина Карпош е централното место за комуникација на граѓаните кои се загрижени за еколошките и аспектите на урбано живеење во своите населби.

Доколку сте дел од менаџмент на приватно претпријатие, секогаш можете да размислите за донација или финансирање на некој од нашите проекти со што на дело би покажале дека сте општествено одговорна компанија.

Доколку сте поединец, приклучете ни се во една од многуте акции кое нашето здружение ги презема на територијата на нашата населба:

  • простести против лошите одлуки на општинските власти
  • заеднички дружења во склоп на населбата за подигање на еколошката свест меѓу жителите
  • заедничики чистења на смет во одбрани реони од населбата
  • садење на нови садници дрвја, како и грижа преку пребројување и постојано одржување на садниците
  • секогаш имаме потреба од познавачи на правната регулатива во Република Македонија
  • или пак вклучете се во некоја од нашите еколошки патроли кои се во потрага по загадувачи на територија на општината

Но секако, првиот чекор е тука!