Хронолошки приказ на почетоците на нашата иницијатива

  • На 19.08.2015 писмено побарано средба со Градоначалник- Стевче Јакимовски за 20.08– не беше одговорено нити остварена.
  • На 19. 08.2015 поднесено: Барање за предлог за покренување Граѓанска иницијатива до ДИК.
  • На 19.08.2015 почнато собирање потписи по домовите на жителите на Карпош 4.
  • На 20.08.2015 одобрено од ДИК барањето за предлог за покренување Граѓанска иницијатива
  • На 21.08.2015 почнува собирање на потписи за Предлог на Граѓанска иницијатива. Требаше да трае до 24.08.2015. Бидејќи беа доволно 100 потписи, до 13 ч на 21.08 имаше 120 патписи и се затвори собирањето со цел поскоро започнување на ГИ. Истиот ден заверени во подрачната единица на ДИК за Карпош 4 и однесени во архива на општина Карпош.
  • На 27.08 се обраќаме со барање за информација за одлуката на општината по основ за Предлого за ГИ. Кажано ни е дека има одлука ама сеуште не е пратена ( вработената била на боледување!!)
  • Потврден одговор од општината по основ на Предлогот за ГИ е добиен на 02.09.2015. На документот е датумот од 24.08.2015 со што е запазен рокот од 3 дена. Дали во недоставувањето на документов постои незаконитости во процедурата ???
  • Собирање на потписи за Граѓанска Иницијатива почна на 16.09.2015 година. Траеше до 02.10.2015 година кога истекуваа 30 дена од барањето. Потребно беше да се соберат 5350+1 потписи.
  • На 18.09 2015 поднесено барање до ДИК за продолжување на 2 термини за собирање на потписи до 18 часот и додавање на еден работен ден (сабота). Нормално архивата не им работела па е поднесено е до советник со ветување за одговор во понеделник (20.09). Одговор е добиен на 25.09.2015 дека барањето е одбиено.
  • На 25.08.2015 е поднесено Барање за граѓански собир до општина Карпош.
  • На 28.09.2015 писмено по ел.пошта се праќа Барање за информација по Петиција со Барање за свикување на Собир на граѓани од Урбана заедница Карпош 4
  • На 30.09.2015 Се доставува до архива на општината Карпош 4 Барање за постапување по Барањето за свикување на Собир на граѓани
  • На 29.09. 2015 Бидејќи е поминат рокот за свикување на ГС, пратена Пријава против Градоначалникот на општина Карпош до Државен Инспекторат за локална самоуправа
  • На 02.10.2015 пратена Пријава против Градоначалникот на општина Карпош до Државен управен инспекторат.
  • На 20.10.2015 е доставен одговорот на Барање за постапување по Барањето за свикување на Собир на граѓани кое е изготвено на 02.10.2015
  • На 06.11. 2015 е добиен писмен одговор од Државниот инспекторат за локална самоуправа. Претходно е остварена средба со инспекторот. Одговорот е пратен по мејл на наше барање да добиеме писмен одговор.
  • На 10.11.2015 Поднесени се до Градоначалник и Претседател на совет на општина Барање дополнителни информации во однос на нивниот одговор за несвикување на Граѓански собир
  • На 10.11.2015 Барање за инспекциски надзор на работата на Градоначалникот на општина Карпош по однос на несвикување на Граѓански собир