Марш за чист воздух и протест против градежната узурпација на брегот на реката Вардар

Неформалните граѓански здруженија „Ние сме Карпош 4“, „Карпош 3“, „Стоп за загадувањето“ и „Воздух сега“ на 21.09.2017 година организираа протест  против градежната узурпација на брегот на реката Вардар во должина на населбата Карпош 3, а која настана со донесување на ДУП-от за градска четврт 3 04.
Жителите на оваа и околните населби се против изградба на нови станбени објекти кои значителни ќе ја нарушат и онака влошената еколошка ситуација во општина Карпош, а ќе направат и огромни штети во урбаното живеење на карпошани.
Колку за пример да нагласиме дека се градат 12 станбени објекти од поголем габарит, а не се предвидени никакви инфраструктурни зафати од поголем размер кои би го решиле проблемот кој ќе настане со доселувањето на голем број на семејства, те. во ДУП-от не се предвидени изградби на нови градинки, училишта и други институции.
Нашиот протест се совпадна и со Маршот за чист воздух во организација на Граѓанската коалиција O2 и Првата детска амбасада – Меѓаши и поради тоа ова беше двоен настан. Најпрвин го посетивме почетокот на маршот пред Владата на Република Македонија, а потоа марширавме до раскрсницата бул. Илинден – ул. Манапо каде што се одржа нашиот протест со поддршка од O2 и Меѓаши.
На протестот говор одржаа нашите активисти Невена Георгиевска и Ѓоко Парго, а на самиот крај се собраа близу 400 потписи од учесниците кои ќе бидат депонирани во Општината.

Погледнете ја галеријата и видеото од говорите кои беа оддржани. Доколку сакате да се потпишете на нашата петиција следете го следниот линк.

%d bloggers like this: