Проект – Попис на дрвја во Карпош 4 и делови од Дебар Маало

Со огромно задоволство би сакале да Ве известиме дека волонтерите од нашата иницијатива во соработка со волонтерите од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ и „Плоштад Слобода“ во месеците ноември и декември 2015 година извришија попис на дрвјата во населбата Карпош 4, како и во дел од Дебар Маало.

Основната цел на пописот на дрвја во Карпош 4 е да се придонесе кон информирано и одговорно урбанистичко планирање, и да се заштити плански засаденото високо зеленило во населбата, кое е едно од најзначајните одлики на овој дел од градот. За оваа цел, пописот на дрвја ја евидентира состојбата на средно и високо зеленило во населбата, произведувајќи ажурирана мапа на дрвја која би била основа за информирана дискусија и ревизија на ДУПот за Градска Четврт 3 02, оспорен од страна на граѓаните од иницијативата „Ние сме Карпош 4“, во кој високото зеленило е најзагрозениот елемент на сметка на бројните планирани надземни и подземни паркинзи.

Финансиска поддршка
Оваа публикација е овозможена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). За содржината на публикацијата се одговорни Ивана Драгшиќ, Леонора Грчева, Никола Наумоски и Филип Јовановски и таа не ги изразува ставовите на УСАИД ниту пак на Владата на Соединетите Американски Држави.

За да ја преземете целосната публикација кликнете на фотографијата.

Ни снемува дрвја!
Кликни за да преземеш
%d bloggers like this: