Работна акција – Садење дрвца во Карпош 4

На 25 февруари 2017 година „Ние сме Карпош 4“, со поддршка на еколошкото здружение „Еко-свест“, организираше доброволна акција на садење на нови дрвца на 4 локации во Карпош 4.

Локалните жители од населбата Карпош 4 и пријатели од други населби засадија над 30 дрвја, 4 смреки, 3 брези, 5 каталпи кон булеварот Партизански одреди и 22 мали зимзелени лејланди кои се посадени во парковите кон Сити Мол.

Голема благодарност до сите доброволци што несебично учествуваа во акцијата за садење.
Голема благодарност до Еко Свест за донацијата на дрвца.
Акцијата е уште еден израз на нашиот глас против градбите и узурпирањето на зелените површини.

За себе правиме, за нашиот животен простор, за наше добро!

Медиумска покриеност: Радио МОФ, Слободна.мк, Facebook

 

%d bloggers like this: