Средба со заменик министерот за Животна средина и просторно планирање

На 11.09.2017 година заедно со неколку граѓански иницијативи и невладини организации одржавме средба во просториите на Министерството за Животна средина и Просторно планирање со заменик министерот во ова министерство, г-дин. Јани Макрадули.
На средбата беа побарани итни мерки за подобрување на состојбите со животната средина, а со нагласен акцент на почвата и воздухот во Република Македонија.

На г-дин Макрадули му предадовме опширна студија со предлог мерки и барања поставени во временска рамка, а за подобрување на севкупната состојба на животната средина во Република Македонија.

Во изработката на студијата учествуваа
Граѓанска иницијатива – СТОП НА ЗАГАДУВАЊЕТО
Граѓанска иницијатива “ВОЗДУХ СЕГА”
Граѓанска иницијатива “НИЕ СМЕ КАРПОШ 4”
Граѓанска иницијатива “ОХРИД ЅОЅ”
Здружение за развој и активно делување и поттикнување на граѓанскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ – Битола
Граѓанска иницијатива “Lëvizja Nëna dhe Fëmija – Tetovë / Мајка и дете – Тетово”
Здружение Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Скопје
Еколошко здружение – Движење ECO GUERILLA – Tetovë / ЕКО ГЕРИЛА – Тетово
Граѓанска иницијатива “СКОПЈЕ СМОГ АЛАРМ”
Граѓанска иницијатива “СПАС ЗА ВОДНО”
Граѓанска иницијатива “Куманово бара чист воздух / Kumanova kërkon ajër të pastërt”
Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
Граѓанска иницијатива “O2 Коалиција за чист воздух”

Оваа студија ја објавуваме и бараме од сите кандидати за градоначалници и општински совети да ги поддржат барањата и активно да се вклучат во нивното реализирање и спроведување.

 

 

%d bloggers like this: