Во четврток маршираме за чист воздух!

Во четврток 21.09.2017, нашата иницијатива во соработка со „Стоп за загадувањето“, „Воздух сега!“ и „Карпош 3“ организира протест против градежното узурпирање на земјиштето на брегот на реката Вардар, а во должина на населбите Карпош 3 и Карпош 4.
Нашите иницијативи изнесуваат отворено барање на тој потег да продолжи Градскиот Парк Скопје, бидејќи на нашиот задушен град му се потребни повеќе дрвја, а не повеќе згради!
При тоа поради совпаѓањето на нашиот протест со „Мировниот марш за чист воздух“ на O2, Меѓаши и Скопје смог аларм, ќе се приклучиме кон истиот и заедно како еколошки и урбано освестени граѓани ќе ги претставиме нашите барања до општинските и централните власти.

ВАЖНО!
Оние кои не можат да ни се приклучат пред Влада во 17ч, нека нѐ почекаат во 18ч на раскрсницата бул. Илинден – ул. Манапо (кај ПроКредит Банка). Ние ќе дојдеме кај вас!

Во продолжение го објавуваме повикот за марш од О2, Меѓаши и Скопје смог аларм:

„Почитувани сограѓани,

Ве повикуваме на 21 септември (четврток) во 17 ч. да ни се придружите пред Владата на РМ од каде што ќе го започнеме нашиот мировен марш. О2 – Коалицијата за чист воздух ги кани сите иницијативи, граѓански организации, независни активисти, политички партии и поединци да излезат и заедно со нас да го одбележат Светскиот ден на мирот кој оваа година заедно со Меѓаши го посветуваме на правото на чист воздух.

Маршот ќе започне од пред Владата на РМ во 17 ч. со јавно обзнанување на барањата кои ние заедно со уште 12 други организации и иницијативи ги доставивме до Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ на 11 септември 2017 г. Потоа ќе се обратат неколку од нашите активисти и во 17:30 ч. ќе тргнеме кон Карпош 3, каде што ќе им дадеме поддршка на Граѓанските иницијативи Ние сме Карпош 4, Стоп на загадувањето, Воздух сега! и Карпош 3 кои ќе достават свои барања и петиција до Општина Карпош за зачувување на зелениот појас долж реката Вардар (градска четврт 3.04) кој доколку се урбанизира според предвидените незаконски донесени плански документи ќе значи уште еден тежок удар за и онака прекумерно загаденото Скопје.

Иако според Уставот на РМ здравата животна средина му е загарантирана на секој граѓанин на нашата земја, во последниве години сите сме сведоци дека во реалноста ова не е така. Имаме енормна стапка на загаденост, незапаметен број на заболени лица, како и на смртни случаи, директно предизвикани од загадениот воздух во критично загадени општини во Македонија. Загадувањето во Македонија се должи на многу причини, од кои главните се: противзаконското работење на индустриските погони (без инсталација на соодветни филтри и без придржување до пропишани стандарди), непланското уништување на урбаното зеленило, незаконската и агресивна урбанизација, неспособноста за управување со отпадот, застарените решенија за транспорт, греење итн. Заеднички именител за сите овие е неспроведувањето на законите во РМ.

Токму затоа особено се надеваме дека маршот искрено ќе го поддржат народните избраници од кои очекуваме да не го користат за добивање на политички поени. Од нив очекуваме да се обврзат и да се залагаат за исполнување на барањата кои ги доставивме до институциите без да се кријат зад изговорите „економски развој“ и „странски инвестиции“.

Сите сакаме развој, но не по цена на нашето здравје и на нашите животи!

Со почит,
Активисти на Граѓанска иницијатива О2 Коалиција
Прва детска амбасада во светот Меѓаши
Скопје Смог Аларм

приклучете се тука: FB Event


Marshi i paqes për ajër të pastër
21.09.2017 në ora 17.00
para Qeverisë së Republikës së Maqedonisë

O2 Koalicioni për ajrë të pastër

Të nderuar bashkëqytetarë,

Me 21 shtator (e enjte) në orën 17:00 Ju thërrasim të na bashkangjiteni në marshin tonë të paqes i cila do të fillojmë para Qeverisë së Republikës së Maqedonisë. O2 Koalicioni për ajër të pastër fton të gjitha iniciativat, organizatat e shoqërisë civile, aktivistët e pavarur, partitë politike dhe individët të dalin së bashku me ne për të shënuar Ditën Botërore të Paqes që këtë vit së bashku me Megjashin do ta dedikojmë për të drejtën për ajër të pastër.
Marshi do të fillojë nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë në orën 17:00 ku do të shpallen publikisht kërkesat që ne, së bashku me 12 organizata dhe iniciativa të tjera, i dorëzuam në Ministrinë e Ambientit dhe Planifikimit Hapësinor të Republikës së Maqedonisë më 11 shtator 2017. Pastaj disa nga aktivistët tanë në orën 17:30 do të drejtohen për në Karposh 3, ku do të japim mbështetje për Iniciativat Qytetare: Ne jemi Karpos 4, Stop Ndotja, Ajër tani! dhe Karposh 3, të cilët do të paraqesin kërkesat e tyre në Komunën e Karposhit për ruajtjen e rripit të gjelbërt përgjatë lumit Vardar (lagja e qytetit 3.04), i cili nëse urbanizohet sipas dokumenteve të planifikuara njëkohësisht të miratuara në mënyrë të paligjshme do të jetë një goditje tjetër e rëndë për Shkupin tashmë të ndotur.

Ndonëse sipas Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë, çdo qytetari të këtij vendi i garantohet një mjedis i shëndetshëm jetësor, por në vitet e fundit ne të gjithë jemi dëshmitarë se në realitet është ndryshe. Ne kemi një shkallë të madhe të ndotjes, një numër të paparë njerëzish te sëmurë, si dhe vdekje të shumta të shkaktuara direkt nga ajri i ndotur në të gjitha komunat me ndotje enorme. Ndotja në Maqedoni është për shkak të shumë arsyeve, si kryesore mund të ceken: operimi ilegal i impianteve industriale (pa instalimin e filtrave të përshtatshëm dhe pa respektimin e standardeve), shkatërrimi i paplanifikuar i gjelbërimit urban, urbanizimi ilegal dhe agresiv, paaftësia për menaxhim me mbeturinat, zgjidhje të vjetra për transport, ngrohje etj. Një emërues i përbashkët për të gjitha këto është moszbatimi i ligjeve të Republikës së Maqedonisë.

Prandaj, veçanërisht shpresojmë që marshin ta mbështesin sinqerisht përfaqësuesit e popullit pa shfrytëzuar problemin për pika politike. Ne presim që ata të angazhohen dhe të përmbushin kërkesat që i kemi parashtruar institucioneve pa u fshehur pas deklaratave “zhvillim ekonomik” dhe “investime të huaja”.

Ne të gjithë duam zhvillimin, por jo në llogari të shëndetit dhe jetës sonë!

Me respekt,
Aktivistët e Iniciativës Qytetare Koalicioni O2
Ambasada e Parë e Fëmijëve në Botën Megjashi

FB Event

%d bloggers like this: