Зошто?

Затоа што сакаме здрава животна средина за нас и нашите деца и затоа што освен права имаме и доложности да ја зачуваме и унапредиме и должност да реагираме кога тоа право е загрозено.

Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.Член 43 од Устав на Република Македонија
(1) Со просторното и урбанистичкото планирање се одредуваат основните начела во процесот на планирање и уредување на просторот. (2) Начела во процесот на планирање и уредување на просторот се: – рамномерен просторен развој, – рационално уредување и користење на просторот, – услови за хумано живеење и работа на граѓаните, – надминување на урбаните бариери на лицата со инвалидитет, – оддржлив развој, – заштита и унапредување на животната средина и природата, – заштита на недвижното културно наследство, – заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки катастрофи и хаварии и – јавност во постапка за донесување и спроведување на планската документација.Член 4 од Закон за Урбанизам и Просторно планирање
Земјата не ни е дадена во наследство од нашите претци, туку ни е позајмена, да ја чуваме за идните поколенијаИндијанска поговорка

Затоа што веруваме во нашите принципи, мотив, искреност и доследност.
Затоа што си ја сакаме населбата.

Затоа што Ние сме Карпош 4